Утрински Весник
Свет

Кина го забрани увозот на цитрусно овошје од Тајван и извозот на песок во Тајван

Кина го забрани увозот на цитрусно овошје и некои рибни производи од Тајван и извозот на природен песок на тој остров, објавија кинеските власти еден ден откако претседателката на Претставничкиот дом на САД го посети Тајван, и покрај жестокото противење од Пекинг.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на кинеската Тајванска канцеларија Ма Ксијаогуанг изјави дека е забранет увозот на грејпфрут, лимони, портокали и други агруми, како и два вида рибни производи од Тајван. Во посебно соопштение, кинеската царина објави дека забраната за увоз на цитрусно овошје е воведена поради „прекумерно количество пестициди“, додека како причина за забраната за увоз на производи од риба е наведена „превенцијата од Ковид-19“.

Во исто време, кинеското Министерство за трговија објави дека го забранува извозот на неговиот природен песок во Тајван.

Природниот песок, инаку, е клучна компонента за производство на полупроводнички чипови, што е исклучително важна економска гранка за Тајван.

Како одговор на кинеската одлука, Тајван објави дека забраната за увоз на песок од Кина ќе има само „ограничен ефект“, додавајќи дека побарувачката на Тајван за кинески песок во последните години била помалку од 1% од вкупната побарувачка.

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари