Утрински Весник
Култура

„Отскокни и ти!“ – натпреварувачки настан во пресрет на Скопскиот поетски фестивал

„Отскочна даска“ е поетско читање што ќе ги собере сите млади, надежни, познати или помалку познати поети и поетеси од домашната книжевна сцена, а кое е предвесник на претстојниот Скопски поетски фестивал, кој ќе се одржи од 29 август до 1 септември, 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Настанот ќе има натпреварувачки карактер и е наменет за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години. Победникот ќе се претстави на отварањето на фестивалот.

„Ние ќе ги избереме учесниците, а тие ќе си го одберат победникот што ќе отскокне до отворањето на второто издание на СПФ, на 30 септември во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, и ќе чита заедно со другите учесници на фестивалот. Ако сте на возраст од 16 до 25 години и сакате да учествувате на „Отскочна даска“, испратете ни две ваши песни на мејлот [email protected] најдоцна до 10-ти август. Ги очекуваме вашите песни“, велат организаторите.

Имињата на одбраните натпреварувачи ќе бидат објавени на официјалните Фејсбук и Инстаграм страници на фестивалот, а читањето ќе се одржи во кафе книжарницата „Буква“ на 29 август, со почеток од 20 часот.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје, од кафе-книжарница „Буква“ и од Младинскиот културен центар ‒ Скопје.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“