Целосното обединување на Кина со Тајван е историска неминовност, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, по повод посетата на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.
„Постигнувањето на целосно национално обединување е општа тенденција и историска неминовност“, истакна Ванг – пренесува РИА Новости.
Кинескиот министер за надворешни работи им препорача на САД да не сонуваат да ја попречуваат големата цел за повторно обединување на Кина.
Тој посочи дека Кина нема да остави простор за акција на силите кои се залагаат за независност на Тајван.
– Колку и да се оддаваат САД на „независноста“ на островите, тие напори ќе бидат залудни – рече Ванг.
Тој изјави дека обидите да се искористи Тајван за да се спречи развојот на Кина се осудени на неуспех и ги повика САД веднаш да престанат да играат на „картата на Тајван“ за да се создаде хаос во азиско-пацифичкиот регион.
Ненси Пелоси е во посета на Тајван, што предизвика остра реакција на Кина, која го смета Тајван за дел од својата територија.
Кинеската војска почна со вежби во водите околу Тајван, кои ќе траат до крајот на неделата,пренесе Блиц.рс.