Утрински Весник
Свет

Зеленски: Ситуацијата во Доњецк е пекол што не може да се опише со зборови

Во своето ноќно видеообраќање до нацијата украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша ситуацијата во источниот регион на Доњецк, кој е под силен напад на руските сили, како пекол.

dobivaj vesti na viber

„Нападите на Писк и Авдијевка се пекол што не можам да го опишам со зборови. И покрај пратките на американски ракети, сè уште не можеме целосно да ја скршиме руската надмоќ во артилерија и жива сила“, рече Зеленски, пренесува „Киев индипендент“.

Украинскиот претседател во неделата објави дека украинската влада одлучила да изврши задолжителна евакуација на населението од источниот регион Доњецк, местото на жестоки борби со руските сили, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид поради обидите за приватизацијата на јавниот пензиски систем

Недостатигот на вода може да ги продлабочи глобалните конфликти, ЕУ со сериозно предупредување

Весникот „Телеграф“ укинува работни места за да стане „медиум управуван од вештачка интелигенција“