Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 60 до 90 минути, а на ГП Богородица време на чекање за влез и излез од државата е околу 30 до 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

dobivaj vesti na viber

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија она што го кажавме, сите лаги на Мицкоски се разобличени

ВМРО-ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра

Љутков: Наследивме колабиран културен систем и институции без пари за плати