Пристигна и првата реакција на Кина по слетувањето на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, во Тајван.
Официјален Пекинг порача дека посетата на Пелоси на Тајван е „исклучително опасен“ потег на САД, пренесува АФП.
Кинеските медиуми во моментот кога авионот со Ненси Пелоси се приближуваше кон главниот град на Тајван објавија дека кинеското воздухопловство ги испратило своите борбени авиони Су-35 кон Тајванскиот теснец.