Утрински Весник
Свет

Се огласија талибанците по убиството на лидерот на Ал Каеда

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид го осуди американскиот напад во главниот град на Авганистан, Кабул, во кој беше убиен лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири.

dobivaj vesti na viber

Муџахид додаде дека тоа е кршење на меѓународните принципи, пренесува Анадолија.

Осудувајќи го нападот, Муџахид истакна дека тоа не е само кршење на меѓународните принципи, туку и кршење на договорот од Доха постигнат во 2020 година меѓу САД и талибанците за повлекување на странските сили од Авганистан. Завахири долго време успеваше да ги избегне американските напори да го убијат или заробат.

Тој ја предводеше групата означена како терористичка организација од страна на САД од 2011 година, кога американските сили го убија основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен во Пакистан.

Можете да прочитате

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата

Белгород погоден од украински беспилотни летала – еден убиен, 14 ранети