Утрински Весник
Македонија

Спасовски од Гумење: Денес не’ грее сонцето на слободата, а државата ја градиме на темелите што ги поставија предците

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовки утрово од Гумење, од пред споменикот Македониум, упати честитка по повод најголемиот празник – Илинден.

dobivaj vesti na viber

„Првиот Илинден е симбол на заедничката борба за слободна и автономна Македонија, без разлика на вера, народност, пол и убедување, а отсликан во првата Република на Балканот – Крушевската и нејзините славни ѕидари, во Крушевскиот манифест, војводите и комитите, спомен обележјата околу нас, тука во Крушево. Вториот, оној на АСНОМ, кој ни донесе остварување на идеалите на Илинденците, како симбол на победата над фашизмот, на успешната борба за ослободување од вековното ропство, на хероите – партизани, на Прохор Пчињски, Пелинце и секаде каде што историјата оставила свој печат како паметник за идните генерации“, рече Спасовски.

Тој посочи дека денес имаме зошто да празнуваме: „Не’ грее сонцето на слободата, ја градиме државата на темелите на заедништво и разбирање кои тие, нашите предци ги поставија, нивната визија ја исполнуваме во нашата реалност, а нашите пријатели се сè побројни“. Додаде дека најдобриот начин да ја предвидиш иднината е да ја создадеш, бидејќи таа припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа.

Можете да прочитате

Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење

СДСМ: Враќање во времето на Никола Груевски и Сашо Мијалков, медиумски мрак и хајки

Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2032 ќе обезбеди поквалитетен национален образовен систем