Утрински Весник
Македонија

На Табановце и Богородица за влез и излез од државата се чека околу еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

dobivaj vesti na viber

На ГП Табановце и на ГП Богородица времето на чекање за влез и излез од државата утрово е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија