Утрински Весник
Свет

Ударна група на американската морнарица се упати кон Тајван

Работната група на носачот на авиони Роналд Реган (РР) се упати кон водите југоисточно од Тајван, соопшти денеска кинескиот аналитички центар SCSPI.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека на 30 јули ударната група на носач на авиони RR на американската морнарица го напуштила Јужното Кинеско Море и преку теснецот Сан Бернардино влегла во Филипинското Море, пренесува ТАСС.

После тоа, носачот на авиони Роналд Реган помина покрај островот Лузон на филипинскиот архипелаг и се упати на север кон Тајван, а според проценките на аналитичкиот центар моментално се наоѓа на околу 800 километри југоисточно од тој остров.

SCSPI, исто така, потврди дека товарен авион на американската морнарица Grumman C-2 Greyhound утринава полетал од воздухопловната база Кадена во Окинава и се упатил кон водите јужно од теснецот Лузон.

SCSPI посочува дека со оглед на ситуацијата, не може да се исклучи ненајавената посета на Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, иако оваа посета не беше спомената на нејзината официјална веб-страница.

Сепак, американските и тајванските медиуми инсистираат на тоа дека Ненси Пелоси можеби сепак ќе може да го посети Тајван на 2 август и дека можеби ќе се сретне со тајванскиот лидер Цаи Инг-вен на 3 август, објави новинската агенција Кјодо.

Можете да прочитате

Почнаа руско-украинските преговори во Истанбул

Полска до своите граѓани: Ако е можно, напуштете ја Русија

САД и ЕУ блиску до договор за царини од 15 отсто