Утрински Весник
Свет

Путин: Западните политичари не се грижат за луѓето

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека, без оглед на актуелните политички тешкотии, Русија секогаш ќе биде сигурен и одговорен снабдувач на метални производи за странските клиенти и партнери.

dobivaj vesti na viber

„ Антируските санкции не ја одразуваат реалноста на глобалната политика и економија“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со претставници на металуршката индустрија.

„ Веќе реков дека овие одлуки ги донесоа западните земји поради политички интереси – актуелни, опортунистички, кои не ја одразуваат реалноста на глобалната политика или глобалната економија“, рече Путин.

„ Западните политичари не се грижат за луѓето“, додаде тој, пренесуваат руските медиуми.

Можете да прочитате

Аеродром и пристаниште во јужен Јордан се евакуирани поради закана, соопшти Американската амбасада во Аман

Ферибот со 116 патници потона крај брегот на Гвајана, досега спасени само осум лица

Најмалку 11 загинати во Газа во израелски напади и покрај примирјето