Утрински Весник
Свет

Првиот брод натоварен со жито ја напушти Одеса

Брод натоварен со украинско жито го напушти денеска украинското пристаниште Одеса, јави Си-Ен-Ен Турк.

dobivaj vesti na viber

Турското Министерство за одбрана претходно објави дека бродот ќе исплови во 8:30 часот по локално време, или во 7:30 часот по средноевропско време.

Турското Министерство за одбрана, повикувајќи се на Заедничкиот координативен центар во Истанбул, објави дека првиот брод што ќе ја напушти Одеса по блокадата на украинските пристаништа на Црното Море ќе биде товарен брод од Сиера Леоне за Либан.

На 22 јули Москва и Киев потпишаа посебни договори со Турција и Обединетите нации, со што се создадоа услови за деблокирање на извозот на украинското жито. Договорено е да се извезат околу 22 милиони тони жито и друга земјоделска стока од црноморските пристаништа во Украина.

Како дел од договорот, на Русија и е дозволено да извезува житарки и вештачки ѓубрива.

Можете да прочитате

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп

Амнести Интернешнл: Израелскиот предлог за „хуманитарен град“ е намера за воени злосторства

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО