Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Командантот на Азов: Путин, ќе ти се одмаздиме

300x250 opst2

Вршителот на должноста командант на Азовскиот полк, чии заробени членови беа убиени вчера во во напад за кој меѓусебно се обвинуваат Русија и Украина, се обрати до јавноста.

dobivaj vesti na viber

Азов на својот канал Телеграм ја објави изјавата на неговиот в.д. командант, мајор Микита Надточи, за „масовното убиство на украинските воени затвореници во селото Оленивка во привремено окупираната територија на регионот Доњецк“.

„Нападот во Оленивка го сметаме за чин на јавна егзекуција. Русија го изврши затоа што знае дека никој нема да ја казни. Навикнавме на тоа дека никој не понесува одговорност дури ни за кршење на законите, правилата и обичаите на војната. Затоа ние, Азов, Украина како земја и целиот цивилизиран свет ќе се бориме Русија да го запамети ова еднаш засекогаш“, рече командантот на Азов.

„Веќе ги откриваме имињата на џелатите и организаторите на егзекуцијата на воените заробеници. Веќе имаме прелиминарни информации, но се уште не сме подготвени да ги објавиме деталите. Ќе ги најдеме каде и да се – во окупираните делови на Украина, во Русија или во трета земја. Украина како држава ќе обезбеди правично судење и казнување“, порача Надточи.

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј