Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски и Апасиев заедно работеа на дестабилизација на државата

„Христијан Мицкоски со своето анти ЕУ и анти НАТО дејствување остана сам и изолиран.

dobivaj vesti na viber

Единствената поддршка што ја има е од неговиот партнер Димитар Апасиев и неговата проруска партија Левица.

Мицкоски и Апасиев заедно работеа на дестабилизација на државата, заедно ширеа лажни вести и хистерија, заедно креираа крвави сценарија што не им успеаја.

Никој повеќе не верува во лагите на Мицкоски уште помалку некој го поддржува во идејата за референдум која служи само за негова лична, внатрепартиска употреба.

Поради таквиот однос Мицкоски се испокара со коалициските партнери, затоа и другите опозициски партии му го свртеа грбот.

Остана Мицкоски осамен, придружуван единствено од Апасиев со кого заедно работат за туѓи центри на моќ.

По којзнае кој пат, Мицкоски одбра да се стави на спротивната страна од државните и националните интереси, на погрешната страна на историјата“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Успешно е спасен параглајдеристот кој висеше на дрво високо над 30 метри (ФОТО)

ЦУК: Итна спасувачка акција во Македонија

Горештините се враќаат – Утре до 36 степени