Утрински Весник
Македонија

Сончево време со дожд и грмежи во попладневните и вечерните часови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

dobivaj vesti na viber

Доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло. Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 38 степени.

Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола