Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на парното значи околу 4.000 денари повеќе за еден двособен стан

Денешната одлука на РКЕ за поскапување на парното за скоро 15 проценти е резултат на неспособноста и крадењето на Ковачевски да обезбеди поевтин гас за потребите на државата, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата коментираат дека ова покачување значи околу 4.000 денари повеќе за парно за еден двособен стан, а и над 6.000 денари повеќе за семејствата со трособен или поголем стан.

„Народот ја плаќа неспособноста на Ковачевски, но и неговата желба за криминал преку енергетскиот сектор. Затоа и ЕЛЕМ ќе биде претпријатието кое ќе управува со производството и дистрибуцијата на топлинска енергија, на чие чело е Васко Ковачевски, чија неспособност веќе ја чини Македонија над 250 милиони евра годишно, на име увоз на скапа струја.

Димитар Ковачевски како премиер не успеа да обезбеди еден енергенс по нормални цени, ниту струја, ниту гас, ниту мазут, ниту јаглен.

Не само Србија, туку и Унгарија, Австрија, Германија, Италија, и сите други европски земји плаќаат поевтин гас од Република Македонија.

Со СДСМ и Димитар Ковачевски зимата ќе биде долга и тешка, а народот ќе ја плаќа нивната неспособност и криминал“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт