Утрински Весник
Македонија

Муцунски се фали со туѓи перја, велат од СДСМ за изградбата на градинката во Аеродром

Градоначалникот Тимчо Муцунски, во обид да ја сокрие својата неспособност и безидејност, вчера се пофали со новоизградениот објект на градинката „Црвенкапа“ во Стар Аеродром, кој почна да се гради во мандат на претходниот градоначалник Златко Марин, изјави Љупчо Недески од СДСМ, советник во Советот на општина Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Недески потсети дека на увидот на градежните активности минатата година, покрај градоначалникот Марин, присуствувале и тогашниот премиер Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

За да биде иронијата уште поголема, вели Недески, тогашните советници на ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа тој буџет во кој беше предвидена изградбата на градинката.

„Златко Марин и тогашното мнозинство во Советот покажаа вистинска грижа за најмладите. Во нивни мандат беше изградена градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче, комплетно се реновираа сите објекти на градинките „Срничка“ и „Буба Мара“, за првпат беше обновена главната кујна во градинката „Буба Мара“ во населбата Лисиче, а беа поставени нов под и енергетска фасада во објектот „Чекорче“, Притоа, сите објекти добија прочистувачи на воздух, со што се обезбедија сите услови за безбеден раст и развој на најмладите.

Сето ова најверојатно го заборавил Тимчо Муцунски, па се фали со туѓи перја. Неодамна истото го направи и со реновираниот плоштад зад ТЦ „Бисер“, кој исто така почна да се гради за време на Златко Марин.

Со тоа Муцунски само потврдува дека СДСМ посветено работеше на вистинските приоритети на граѓаните, за разлика од неговата посветеност на фалење со туѓи проекти и лажни ветувања за 4 градинки кои никогаш нема да ги изгради“, рече Недески.

Можете да прочитате

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК

Support Kocani: Денес e донирана и втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

СДСМ: Морбидни обивнувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите