Утрински Весник
Свет

Намалена казната за рускиот војник, наместо доживотна доби 15 години

Украинскиот суд ја намали на 15 години доживотната казната изречена на руски војник во мај за убиство со умисла во првото судење за воени злосторства во земјата.

dobivaj vesti na viber

„Според резултатите од апелационото разгледување, жалбата поднесена од одбраната е делумно уважена“, се вели во соопштението на веб-страницата на Апелациониот суд во Киев, во кое се додава дека рускиот војник Вадим Шишимарин е осуден на 15 години затвор.

Шишимарин во мај беше осуден на доживотен затвор. 21-годишниот наредник се изјасни за виновен за убиството на 62-годишниот Олександр Шелипов во украинското село Чупахивка на 28 февруари. За време на судењето, Шишимарин изјавил дека му било наредено да пука и побарал прошка од неговата вдовица.

Судијата Серхиј Агафонов изјави дека Шишимарин, „извршувајќи криминална наредба“ од претпоставен офицер, испукал неколку истрели во главата на жртвата, пишува Ројтерс. Русија негираше дека целела цивили за време на „специјалната воена операција“ или дека извршила воени злосторства на кој било друг начин.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро