Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Пендаровски е за референдум, ајде да повикаме заедно соочување со народот

Ако Пендаровски е за референдум, ајде да повикаме заедно соочување со народот. Референдумот е највисока форма на демократијата во едно општество, и најдобар начин да се слушне ставот на народот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Добро е да се чуе дека Пендаровски е на иста линија со претседателот Мицкоски, и дека размислува да поддржи референдум. Наскоро претседателот Мицкоски ќе излезе со формулацијата и очекуваме Пендаровски да го поддржи и повика на поддршка од сите политички партии.

Референдумот мора да им даде право на граѓаните да одлучат дали сакаат вака асимилирани, бугаризирани, под диктат да имаат европска иднина, или пак горди, достоинствени, кога за тоа ќе се создадат услови во блиска иднина да имаме европска иднина.

ВМРО-ДПМНЕ е за европска иднина, но со зачувано дпстоинство и под исти правила и услови кои важеле за сите до сега, а не Македонија да се дискриминира“ додаваат од партијата.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт