Утрински Весник
Магазин

Мадона самата ќе снима биографски филм: Никој не може да ја раскаже мојата приказна, освен јас

Мадона е решена самата да го сними својот биографски филм, бидејќи мизогини мажи и женомрзци се обидувале да снимат филмови за неа.

dobivaj vesti na viber

Кралицата на попот (63) вели дека ѝ ги „кинеле екстремитетите“ работејќи на филмот за нејзиниот живот и кариера.

Во интервју за “Вараети“ таа рече: „Јас се откажав од тоа некој друг да снима филм за мојот живот.“

Објавено е дека ѕвездата на „Измислување на Ана“, Џулија Гарнер (28) ќе ја портретира хитмејкерката, иако сè уште ништо не е потврдено.

А Мадона открива дека решила да го сними филмот затоа што ѝ е преку глава од мажите кои сакаат да ја раскажат нејзината приказна на мизогински начин.

„Имав извонреден живот, и морам да снимам извонреден филм,“ рече таа.

„Тоа е и превентивен удар бидејќи многу луѓе се обидуваа да снимаат филмови за мене. Претежно мизогини мажи. Затоа ја ставив ногата на врата и реков: „Никој нема да ја раскаже мојата приказна, освен јас“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста