Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителниот акт за модуларната во Тетово не ги опфаќа вистинските виновнци

Најавениот обвинителен акт за трагедијата со модуларната болница е нецелосен и не ги опфаќа вистинските виновници, туку лица кои се далеку подолу на прирамидата на одговорноста, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Како што наведуваат од партијата, тоа само покажувало дека и случајот со модуларната болница, исто како и со трагедијата со Дурмо Турс и Беса Травел се водат без да се најде вистинскиот системски причинител, поради кои десетици животи беа предвреме згаснати.

dobivaj vesti na viber

„ Обвинителниот акт не ги дава одговорите која е улогата на министерството за здравство во изградбата на овие објекти, како од надлежните инспекции тие добиле дозвола да работат, која е одговоноста за материјалите од кои беше изграден објектот и редица на други фактори кои доведоа до трагедијата.

Семејствата на настраданите во ваков случај, со вакво судство и обвинителство нема да ги добијат вистинските одговори, како и поради што настрадаа нивните најблиски. Нивната болка нема утеха, но уште поболно е што во Македонија се создава систем на неказнивост во која наместо по коњот се удира по самарот. Затоа за жал системот на неказнивост создава нови и нови трагедии. Тоа мора да престане. Вистинските виновници мора да одговараат и во случајот со тетовската модуларна болница и во секој друг случај, затоа што само така може да се изгради владеење на правото и правна држава“ се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Македон освои два златни медали на Германската математичка олимпијада

Четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Владата ќе организира трибина „Темел на државноста- визија за иднината” во чест на Гоце Делчев