Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

dobivaj vesti na viber

Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во деновите од викендот во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на невреме. В недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер и ќе има мало опаѓање на температурата.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да ја замолкне Левица за „Плавица”

Сончев почеток на неделата, температурите денеска до 23 степени

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто