Утрински Весник
Македонија

Скопјанката по која се трагаше е најдена мртва во нива

GСкопјанката Стојанка Ѓоргиева по која четири дена трагаше семејството е пронајдена мртва. 75-годишната жена, која имала Алцхајмерова болест и без слух е најдена во нива. Пријавата ја добила полицијата утрово околу 10 часот, а телото е предадено на обдукција која треба да покаже како настанала смртта.

dobivaj vesti na viber

Изминативе денови, семејството информираше дека имаат информации дека сега починатата Стојанка била забележана близу Арачиново. Граѓаните кои алармирале, посочиле и дека таа барала вода. Нивата каде е најдена е близу местото каде и е видена.

Можете да прочитате

МВР со засилени контроли во 66 угостителски објекти и казина – приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа

Платформа 12:05: СДСМ губи, Филипче слави – раководството веднаш да си замине од „Бихаќка“

Чилиманов: Лозарите не смеат и во 2026 година да бидат жртви на задоцнети мерки и нетранспарентна земјоделска политика