Утрински Весник
Македонија

Пендаровски-Гир: Институциите ќе вложат максимални напори за успешно спроведување на скринингот

Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше разговарано за натамошниот тек на евроинтеграцискиот процес на Македонија и фазите што престојат во реализацијата на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Во тој контекст, претседателот истакна дека сите институции ќе вложат максимални напори со цел успешно спроведување на скрининг процесот кој започнува во септември.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката од евроамбасадорот Гир и изрази очекување дека соработката со Делегацијата на Европската Унија во земјава успешно ќе продолжи и во текот на целокупниот преговарачки процес.

На средбата беа разменети и мислења за можните предизвици во преговарачкиот процес, прашањата што се очекува да бидат најактуелни во преговорите, како и за конкретните придобивки од процесот.

Можете да прочитате

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари

Зохиу: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

Лашкоска: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина