Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Власта бега од избори и од референдум

Власта бега од избори и од референдум, власта бега од народот. Предавникот Ковачевски знае дека народот е против бугаризацијата која тој ја турка и затоа бега од соочување и на избори, и на референдум. Тој само се грижи за својата фотелја и како ден повеќе да остане на власт, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Референдумот е најдобар начин да се слушне ставот на народот. Власта не смее да го заложува целиот народ, идентитет, историја и јазик.

Интеграцијата во ЕУ треба да се случи под достоинствени критериуми, како што било пракса со сите држави кои до сега станале членки. Македонија и македонскиот народ не треба да бидат дискриминирани и асимилирани во тој процес“ се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт