Утрински Весник
Свет

Двојката Зеленски позираше за „Вог“, луѓето реагираат: Модна фото-сесија во војна, што е ова?!

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и неговата сопруга Олена Зеленска дадоа телевизиско интервју во Киев со контроверзниот британски новинар и водител Пирс Морган. Исто така, тие се фотографираа и за познатиот моден магазин „Вог“, што не наиде на добри критики.

dobivaj vesti na viber

Во најавата за интервјуто планирано да се емитува во среда навечер, претседателот на Украина и првата дама велат дека руската инвазија ги направила уште поблиски еден до друг.

Во еден момент, Морган ја прашува брачната двојка: „Ваквите ситуации можат да го поврзат или да го нарушат бракот. Дали сега вашиот брак е посилен поради тоа што го поминавте?“ Зеленска одговара: „Се согласувам со теоријата дека бракот станува посилен со предизвици. Мислам дека истото се случи и во нашиот случај“.

Првата дама потоа му се обраќа на сопругот, кој пет месеци го предводи украинскиот отпор, барајќи од него мислење за нивниот брак.

Зеленски вели: „Мојот одговор не е различен!“, на што Олена Зеленска го поттикнува: „Треба да имаш свое мислење за тоа“.

Зеленски смеејќи се возвраќа: „Кога си до мене, твоето мислење има предност!“

Зеленска се омажи за својот сопруг во 2003 година и заедно имаат две деца, 9-годишниот Кирил и 18-годишната Олександра. Олена Зеленска стана прва дама на Украина откако Зеленски беше избран за претседател во 2019 година.

Деновиве Олена Зеленска позираше за специјална насловна страница на Вог, што некои го сметаа за контроверзен потег.

„Дали другите светски лидери организираат модни фотосесии за време на војна и инвазија?“, „Какво е ова видео и кој мислеше дека е добра идеја?“, „Вог пропаганда“, „Сè уште не е Меланија“, „Ова е чудно“, Илјадници невини жени и мажи бегаат и умираат. Илјадници украински војници загинаа, а стотици градови и заедници се уништени. Но, да, ајде да направиме фотосесија на Вог“, се само дел од негативните коментари.

Првата дама на Украина за Вог зборуваше и за својот семеен живот.

„Ова беа најстрашните месеци во мојот живот и животот на секој Украинец“, рече таа.

Зеленски заедно со сопругата се фотографираше за Вог. Тие заедно позираа за познатата фотографка Ени Либовиц.

„Како и секој човек, јас бев загрижен за моето семејство, за нивната безбедност“, рече Зеленски.

„Не се работи за романса, едноставно никој не сака да го доведе своето семејство во опасност. Секако дека ми недостигаа. Многу сакав да ги гушнам. Мојата сопруга има силна личност и е многу посилна отколку што мислеше дека е“, додаде тој.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking