Утрински Весник
Македонија

Зголемувањето на платите во судството, обвинителството и затворската полиција ќе се носи по скратена постапка

Собранието едногласно ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција, информираа од Министерството за правда.

dobivaj vesti na viber

Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе зимаат повисока плата за 15 проценти.

Од Министерството образложија дека со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Законот за изменување на законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.

Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе те фатат – пееш што ќе ти кажат: Таравари во скутот на Ахмети

Ева Заева со емотивна порака се збогува од Душко Чифлиганец

ВЛЕН: Денес државата реагира, не молчи како во времето на ДУИ