Утрински Весник
Магазин

Манекенска двојка: Жизел Бундхен рекламира часовник, a сопругот облека

Супермоделот Жизел Бундхен сподели фотографии од најновата фотосесија за брендот луксузни часовници IWC Schaffhausen.

dobivaj vesti na viber

Атрактивната Бразилка (42) на себе има елегантен црн фустан кој целосно го открива грбот. Предниот дел е покриен и допира до нејзиниот врат.

Затворени раменици, долги ракави и линија со која откриениот грб дава гламурозен пристап со кој се истакнува нејзината силуета.

Нејзиниот сопруг, фудбалската ѕвезда Том Брејди (44), исто така, се пофали со своите манекенски вештини додека ја промовира сопствената линија на облека, „Брејди Бренд“.

Жизел, поранешен модел на „Викторија’с сикрет“, со новите фотографии го најави своето ново партнерство со часовниците IWC Schaffhausen.

Можете да прочитате

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот

Како да му дадете на телото пауза по празничните оброци?