Утрински Весник
Свет

Нов Зеланд претстави закон со кој може да се забрани пушењето за идните генерации

Владата на Нoв Зеланд претстави нов закон со кој се обидува целосно да го забрани пушењето за идните генерации, пишува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Тоа планираат да го направат со поставување на нова граница за набавка на цигари секоја година. Новите мерки за кои се расправаше во парламентот се сметаат за први мерки од ваков тип во светот.

Пратениците од Нов Зеланд ветија дека ќе стават крај на, како што велат, одвратното и бизарно владеење на тутунските компании, со воведување на прв светски закон што ќе ја спречи следната генерација да може легално да купува цигари.

„Со децении им дозволувавме на тутунските компании да го задржат својот удел на пазарот создавајќи со нивниот смртоносен производ сè поголема зависност. Тоа е одвратно и бизарно. Имаме повеќе регулативи во оваа земја за безбедноста на продажбата на сендвичи отколку цигари“, рече помошникот министер за здравство Ајша Верал.

Предлог-законот е на прво читање и имаше речиси универзална поддршка. Се очекува законот да стапи на сила во 2023 година. Правилата важат само за тутунските производи. Опозицискиот национален пратеник Мет Дуси рече дека иако партијата ќе го поддржи законодавството во оваа фаза, тие се загрижени за неговата експериментална природа. Либертаријанците беа единствените кои се спротивставија на законот.

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници