Утрински Весник
Македонија

Започна Летната школа по македонски јазик во Охрид за децата на иселениците

Започна Летната школа по македонски јазик во Охрид за децата на иселениците.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, ја отвори Летната школа во Хотел Конгресен центар, ги поздрави учениците, им посака успешна и плодна работа со надеж дека убавото искуство ќе биде поттик следната година повторно да се вратат на Школата и да го учат мајчиниот јазик.

Оваа година на Летната школа учествуваат 34 ученика од Швајцарија, Хрватска, Србија, Шведска, Австралија, Словенија и Австрија. На Школата со времетраење од една недела, покрај учењето на мајчиниот јазик, децата ќе имаат можност да посетат значајни културно-историски знаменитости и низ игри, работилници и дружења да се запознаат со вредностите и обележјата на својата татковина.

Можете да прочитате

Конгрес на СДСМ: Се зголемува бројот на членови на ИО и ЦО

86годишна жена од Виница измамена од лажен лекар од Словенија за 30.000 евра

Обид за убиство во Струшко, едно лице тешко рането