Утрински Весник
Свет

(Видео) Додик и седум попови свечено отворија бензинска пумпа vo БиХ

Бензинската пумпа во Мањача, недалеку од Бања Лука, денеска свечено ја отвори српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, со седум свештеници на СПЦ кои ја благословија пумпата, пишува „Индекс“.

dobivaj vesti na viber

И не само што Додик ја отвори пумпата, беше подготвена прослава на самата бензинска пумпа, па на само неколку метри од дозерот за гориво беа поставени долги маси и шатор. Веднаш до агрегатот за гориво беа поставени високи маси на кои гостите консумираа храна и пијалоци.

Присутните беа забавувани со музика во живо.

Додик одржа кус говор.

На Бензинска и’ посака добри деловни резултати, а ги повика луѓето „да поминат и да набават гориво“ со забелешка: „Мораме да си помагаме“.

„Едно ќе ви кажам, Република Српска е стабилна и безбедна. Никој ништо не ни може, посилни сме од судбината“, рече Додик и доби громогласен аплауз на бензинската пумпа.

Можете да прочитате

Дрон се урна во северна Литванија, оштетувајќи автомобил во движење

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг – пробиена заштитната ограда

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата