Утрински Весник
Магазин

Деми Мур нема да ја скрати косата за улога: Нека ми дадат перика

Dik 300x250 mk

Деми Мур откри дека никогаш повеќе не би ја скратила косата за некоја улога.

dobivaj vesti na viber

59-годишната актерка славно ја избричи главата во 1997 година за главната улога во G.I. Jane, но сега ќе ѝ биде тешко повторно да го смени нејзиниот заштитен знак до струкот бидејќи „нема што да докажува“.

„Мислам дека сега кога сум постара, знам и дека немам што да докажувам. Па ако навистина им треба да биде поинаква мојата коса, можат да ми дадат перика,“ рече таа во интервју за магазинот „Пипл“.

„Исто така не ми е јасно како ќе порасне повторно.“

Ѕвездата на „Непристоен предлог“, во кој глумеше покрај Роберт Редфорд, пробала различни стилови низ годините, а сега, таа не се занимава со тоа и смета дека е стресно дури и кога луѓето дури ѝ ја допираат косата.

„Направив сè на мојата коса. Ја избричив. Ја фарбав. Имав боб фризура. Кога не работам, се трудам што помалку да експериментирам.“

Можете да прочитате

Девојче родено со само 300 грама одржано живо од германски лекари

Здравствени состојби поради кои може да не се дозволи влез во авион

Египетскиот музеј вреден скоро 900 милиони евра се отвора по 20 години изградба