Утрински Весник
Спорт

Капитенот Здјелар го напушта Партизан

Dik 300x250 mk

Капитенот на Партизан, Саша Здјелар (27), до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот. Кариерата тој ќе ја продолжи во ЦСКА Москва.

dobivaj vesti na viber

Руски „Спорт Експрес“, вчера објави дека ЦСКА Москва му понудила тригодишен договор на капитенот на Партизан, претпладнево друг медиум, „Чемпионат“, објави дека Здјелар ги прифатил условите што му ги понудиле од ЦСКА и дека наскоро ќе се пресели во Москва.

ЦСКА ќе ја активира откупната клаузула од 500.000 евра.

Здјелар беше член на репрезентацијата на Србија до 20 години, која во Нов Зеланд стана светски првак.

Здјелар ќе биде вторро засилување од Србија за ЦСКА во преодниот рок, претходно од Црвена звезда во Москва се пресели десниот бек Милан Гајиќ.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата