Утрински Весник
Свет

Почина поранешниот премиер на Северна Ирска и нобеловец Дејвид Тримбл

Почина Дејвид Тримбл, поранешниот премиер на Северна Ирска и добитник на Нобеловата награда за мир за неговата работа за помирување меѓу протестантите и католиците во Северна Ирска.

dobivaj vesti na viber

Тримбл почина вчера на 78-годишна возраст, соопшти Унионистичката партија Алстер.

„ Со голема тага семејството на Лорд Тримбл објави дека тој почина мирно по кратко боледување“, се вели во соопштението на семејството објавено од неговата унионистичка партија Алстер, пренесе „Ројтерс“.

Тримбл, протестант, влезе во политиката во раните 1970-ти и помогна да се потпише мировниот пакт на Велики петок со католикот, покојниот Џон Хјум, со кого ја сподели Нобеловата награда за мир.

Можете да прочитате

Tанкер во ОАЕ погоден со две ракети, повреден член на екипажот

(Видео) Еве како денес изгледа Париз поле по вчерашните протести

Макрон по насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети