Утрински Весник
Спорт

Јувентус испратиле понуда за Фирмино

Јувентус ги засилува активностите на трансфер пазарот. Во клубот пристигнаа Погба, Ди Марија, Бремер и младиот Камбијасо,а до крајот на преодниот рок клубот има намера да донесе по уште еден играч во секоја линија од тимот.

dobivaj vesti na viber

Јувентус во нападот го сака Алваро Мората, меѓутоа не успева да се договори со Атлетико околу оштетата. Поради тоа од Торино испратиле понуда од 23.000.000 евра во Ливерпул, за Бразиелцот Роберто Фирмино.

Бразилецот од минатат сезона не е во прв план на Јирген Клоп поради големата конкуренција во нападот, а бидејќи договорот со „црвените“ му истекува следната година, голема е можноста тој да биде продаден.

Во Ливерпул се надеваат дека за Фирмино ќе можат да добијат помеѓу 30 и 35.000.000 евра.

Фирмино пристигна во Ливерпул во 2015 година од Хофенхајм и од неговото доаѓање во Англија одигра 327 натпревари, постигна 98 голови, забележа 74 асистенции.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина