Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Герасимовски: Почнува реконструкција на улицата Козара во Капиштец

Img 7972

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска беше на улицата Козара во населбата Капиштец, каде што почнуваат градежните зафати за нејзина реконструкција. Реконструкцијата ќе го опфати потегот од улицата Антон Панов, па сè до улицата Васил Ѓоргов бидејќи во овој реон улицата Козара има потреба од обновување на асфалтот.

dobivaj vesti na viber

„На овој потег на улицата Козара ќе биде поставен нов асфалт во должина од 1.490 м2, како и нови рабници со вкупна должина од 940 метри, односно по 470 метри од двете страни. Заедно со поставувањето на новиот асфалт по должината на овој потег на улицата, ќе бидат нивелирани и 23 шахти“, истакна Герасимовски.

Општина Центар ја почна и реконструкцијата на улицата„Петар Поп Арсов, а во следниот период ќе работи на улиците Рајко Жинзифов, т.н. адвокатска улица и пробивањето на улицата Партизанска.

Општина Центар силно вложува во инвестиции во инфраструктурата со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот.

Можете да прочитате

Тетовец измамен за 64.000 евра

Детали за грабежот во Гостивар: Крадците заминале со „плен“ вреден 1.8 милиони евра

Пендаровски: Никогаш не постоел план за враќање на Груевски, човекот кој „го извади муабетот“ е од ВЛЕН