Утрински Весник
Економија

(Видео) Костовски: Обезбедуваме услови за стабилна економија и помош за стандардот на граѓаните во криза

Ребалансот на Буџетот за 2022 година е потврда на дело на заложбата на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ за стабилна економија и повисок животен стандард на граѓаните. Со ребалансот обезбедивме средства за повисоки плати и пензии, за поголема поддршка на земјоделците, но и за антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите, изјави на денешната прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека обезбедени се средства од над 76 милиони евра за антикризни мерки за справување со последиците од економската и енергетска криза. 52 милиони евра издвојуваме за поддршка на земјоделците за да поттикнеме зголемување на домашното земјоделско производство.

Средства се обезбедени за рекорден раст на пензиите, за зголемување на платите во образованието и детската заштита но и за субвенционирање повисоки плати во приватниот сектор.

Костовски наведе дека со овој ребаланс кој е поздравен и од Светската банка не се запоставени ниту капиталните проекти кои се важни за економскиот раст. Ова е уште една алатка за обезбедување на макроекономската стабилност и конкретна поддршка за стопанството.

Продолжуваме со реализација на мерки и политики кои имаат за цел заштита на животниот стандард на граѓаните и полесно справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза, изјави Костовски.

Можете да прочитате

Филипче: Додека цените растат, Мицкоски слави 50 години ЕПП на трошок на граѓаните

Синдикалната кошничка во март изнесува 67.818 денари

ДУИ: Пад од дури 9,4% на индустриското производство