„Волстрит журнал“ цитира анонимен извор кој тврди дека Илон Маск имал афера со Никол Шанахан, сопругата на ко-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, а кој поднесе барање за развод на почетокот на јануари.
Таблоидите шпекулираат дека љубовната афера најверојатно е причината за распад на бракот.
Според блиски пријатели на двојката, романсата на Маск со Никол е она што го натера милијардерот на „Гогл“ да се раздели од својата сопруга.
Не е јасно колку долго траела романсата, но наводно се случила истиот месец кога Маск доби ќерка со својата поранешна партнерка Грајмс, и еден месец откако тајно стана татко на близнаци со поранешната извршна директорка на стартапот за вештачка интелигенција „Неуралинк“.
Тој започна врска со сегашната девојка Наташа Басет во февруари.