Утрински Весник
Македонија

Пронајдени 86 мигранти во Богданци, приведен криумчарот

Синоќа во 23.30 часoт на место викано „Каменот“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ го лишиле од слобода Д.М.(44) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

При преглед во товарно возило „сканиа“ со приколка, кое го управувал, биле пронајдени 86 лица мигранти од Пакистан, Сирија и Индија, меѓу кои имало и малолетници.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Возачот, како што соопшти полицијата, бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Од денеска од Охрид ќе се лета и до Виена

Фронтална долина, со поладен воздух на висина повторно ни носи силно невреме

Македонка загина во сообраќајна несреќа во Полска