Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Државата е подготвена за процесот на преговори со ЕУ кој носи бројни придобивки

Продолжуваме по европскиот пат, државата е подготвена за процесот на преговори со ЕУ кој носи бројни придобивки, за граѓаните на Република Северна Македонија да живеат како сите останати народи од Европската унија, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

По 17 години чекање, потсетуваат од партијата на власт, се реализира уште една стратешка определба поставена уште на денот на независноста, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Во ЕУ влегуваме како Македонци, кои говорат македонски јазик, со заштитени идентитетски, историски и културни особености.

„Преговорите за членство во ЕУ почнаа со одржувањето на првата меѓувладина конференција, а веднаш по неа започна скриниг процесот, по кој ќе следува и отворање на првите поглавја. Почнува период на напорна и посветена работа на реформи, на усогласување на нашето со европското право, на економски, политички, општествен развој, повисок квалитет на живот, високи стандарди за почитување на владеењето на правото. Континуираната и зголемена помош која Европската Унија ќе ја обезбеди во наредниот период, ќе овозможи македонските граѓани и економија да добијат конкретна и реална поддршка“, е истакнато во пишаната информација од СДСМ.

Сега е времето, додаваат од таму, кога треба да застанеме заедно, обединети, полни оптимизам и верба за подобро утре, за да можеме да ги здружиме силите и заеднички да се посветиме на развивање силна, успешна и просперитетна европска држава, за нас и за идните генерации.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт