Утрински Весник
Свет

Туристички брод удрил во брегот во Сплит и потонал, патниците се евакуирани

Туристичкиот брод „Морска вила“ со 40 патници синоќа удрил во западниот брег на Сплит и потонал, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Драмата се случила синоќа во 2 часот и 35 минути, а како што соопшти сплитската полиција, сите 40 патници биле извлечени на брегот и не се повредени.

Жупанискиот оперативен противпожарен центар во Сплит соопштил дека бродот долг 21 метар потонал и дека е можно загадување на морето, пишува Вечерњи лист.

Сите служби за итна помош биле на местото на настанот, додава сплитската полиција.

Можете да прочитате

Потпишан договор за Гренланд: САД добиваат поголем пристап, слобода на движење и нови одбранбени зони

Израелски министер повторно се закани со уништување на Газа

„Алибаба“ претстави нов чип за вештачка интелигенција и најави значително поголем модел