Утрински Весник
Спорт

Халанд со гол дебитираше за Сити, Арсенал го растури Челси

Манчестер Сити го победи Баерн Минхен со 1:0, а Арсенал убедливо го порази Челси со 4:0.

dobivaj vesti na viber

Сити и Баерн играа во Висконсин, на стадионот на Грин Беј. Решавачкиот момент се случи во 12.минута кога Ерлинг Халанд постигна гол.

Натпреварот кој двапати беше прекинуван поради невреме.

Сити сега патува дома, бидејќи во сабота во Лестер игра со Ливерпул за првиот трофеј сезонава во Комјунити Шилд.

Во вториот натпревар Арсенал убедливо го совлада Челзи со резултат 4:0.

Стрелци на головите беа Габриел Жесус, Мартин Едегар, Букајо Сака и Алберт Самби Локонга. Олександр Зинченко дебитираше за Арсенал и покажа дека може да биде големо засилување за „топчиите“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина