Утрински Весник
Свет

Бајден вчера се зарази со корона, денес неговата состојба е подобрена, објави неговиот личен лекар

Здравјето на американскиот претседател Џо Бајден е подобрено откако вчера беше позитивен на тестот за коронавирус, објави неговиот личен лекар во писмото објавено од Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

„Неговите симптоми се поблаги“, напиша Кевин О’Конор, додавајќи дека 79-годишниот Бајден синоќа имал малку покачена температура, 37,4. Бајден се’ уште се чувствува уморен, има течење на носот и повремено кашла, рече докторот.

Бајден двапати беше вакциниран против корона вирусот и прими две засилувачки дози, додаде О’Конор, велејќи дека очекува претседателот добро да одговори на вирусната инфекција.

„Претседателот добро го толерира третманот“, рече тој, мислејќи на Paxlovid, лекот на Pfizer што му беше препишан.

Според О’Конор, на претседателот, кој е во карантин во Белата куќа, му бил препишан и парацетамол.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“