Утрински Весник
Култура

Проекција на филмот „Gypsy queen“ на Школка

Бесплатна проекција на наградуваниот филм „Gypsy queen“, вечерва, на 22 јули, ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Проекцијата на филмот е во организација на Ромалитико, со почеток во 20.30 часот, на Школка.

Филмот ја прикажува животната приказна на една мајка која е спремна да се бори со се само да обезбеди подобар живот за нејзините две деца. Таа и буквално се бори на боксерски ринг, животен сон кој го потисна поради традицијата. Проекцијата на филмот, кој е дел и од Netflix, е прва премиера во земјава.

Филмот е добитник на многу награди во категоријата „Најдобар филм“ на европско ниво, а актерката Алина Сербан, која во филмот ја толкува главната улога, е повеќекратно наградена во категоријата „Најдобра актерка“.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“