Утрински Весник
Свет

Украина и Русија го потпишаа договорот за извоз на жито

Русија и Украина потпишаа договор поддржан од ОН, кој треба да овозможи извоз на милиони тони жито од блокираните пристаништа на Црното Море. На овој начин треба да се избегне заканата од катастрофална глобална криза со храна.

dobivaj vesti na viber

Пред потпишувањето на договорот, краток говор одржа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Овој договор ќе овозможи извоз на жито од Украина, а ОН ќе работат на обезбедување на неговиот успех. Денес се појави светлина на надеж на Црното Море. Светло на олеснување за светот, што му треба повеќе од кога било“, рече тој.

Како што оцени, нема сомнеж, ова е договор за целиот свет. Ќе им донесе олеснување на земјите во развој, земјите на работ на банкрот, исто како и поранливите луѓе кои живеат на работ на гладот. Ќе ги стабилизира глобалните цени на храната.

„Благодарам на Русија и Украина што ги надминаа сите пречки и ги оставија настрана нивните несогласувања, со цел да се отвори патот за иницијатива која ќе им служи на заедничките интереси на целиот свет“, рече генералниот секретар на ОН, додавајќи: „Благосостојбата на човештвото ги водеше овие преговори. Прашањето не беше што е добро за едната страна, а што е добро за другата. Фокусот беше на она што е најважно за светот“.

Потписниците на договорот – Русија, Украина, Турција и ОН – се надеваат дека договорот ќе овозможи извоз на жито и други основни производи, како што е сончогледово масло, од три блокирани украински пристаништа на Црното Море, вклучително и Одеса, без оглед на војната што беснее во остатокот од земјата.

ОН претходно предупредија дека блокирањето на извозот може да доведе до глобален глад.

Договорот се однесува и на слободниот премин на ѓубрива од руско производство, што е од клучно значење за обезбедување високи приноси на земјоделските култури, се со цел да се ублажи светската криза со храна предизвикана од рускиот напад на Украина.

Можете да прочитате

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори