Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Истрага за велешанец за пронајден хероин на наплатната станица Сопот

300x250 opst2

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен велешанец поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот на 20 јули неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во количина од 26,76 грама. Дрогата ја купил од Скопје по што со автомобил управуван од негов пријател се враќал кон Велес, движејќи се по автопатот А1. На наплатната станица Сопот овластени полициски службеници од СВР Велес го сопреле возилото и констатирале дека наркотичната дрога ја држи во џебот.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство и да ја попречува истражната постапка со влијание врз сведокот како и основан страв дека може да го повтори делото, Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, информираат надлежните.

Можете да прочитате

Починал сведок на судење во Основен граѓански суд Скопје

Апасиев: Ако не гласаш немој ни да плачеш – толку е просто

Срушен ѕид од стара струшка куќа, заштитена како културно наследство при изведба на градежни работи на индивидуален објект