Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Герасимовски: МВР изврши увид во катната гаража кај ТЦ „Буњаковец“ – оштетени се вкупно 18 возила и приведено едно лице

Img 7972

По немилиот настан кој утринава се случи во монтажната катна гаража зад ТЦ „Буњаковец“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, разговараше со Игор Стаменковски, командир на ПСОН Центар.

dobivaj vesti na viber

„Сликите од утринава со искршени прозорци и шофершајбни во катната гаража кај трговскиот центар „Буњаковец“ навистина ги вознемири центарци. Разговарав и со командирот на ПСОН Центар, кој ме информираше дека оштетени се вкупно 18 возила и веќе има приведено едно лице, кое во моментов се наоѓа во полициска станица“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Изминатиот период, Герасимовски заедно со општинските служби и припадници на Министерството за внатрешни работи оствари неколку средби со граѓани во повеќе центарски населби, на кои се разговараше и за воведување на тн. маалски позорникари, со цел зачувување на мирот и зголемување на степенот на безбедност во сите маала.

Градоначалникот Герасимовски и Општина Центар апелираат до граѓаните, доколку забележат сомнителни дејства во околината на нивните домови и живеалишта, истите да ги пријават до МВР со повик на бројот 192.

Можете да прочитате

Македонија се прости од Панчо – Солзи, тишина и вечна почит за легендата на ДНК

АВМУ: Од 18 до 19 октомври до 19:00 часот важат правилата за изборен молк пред локалните избори

Мојсоска: За непостапувањето по дивоградбата во Струга следи претставка пред Советот на јавни обвинители