Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Мицкоски со апел до Владата: Заборавете на коктели и луксузирања и испратете тимови во Берово да се спречи пожарот

Img 7972

„Ни претстои сериозна опасност ако не помогне државата и ако навремено не реагира, дека може да ни се повтори сценариото од минатата година. И да не бидеме обвинети дека само еве ги штитиме градоначалниците кои што се од редот на ВМРО-ДПМНЕ, еве во Берово е да речеме градоначалник од редовите на СДСМ, апелирам до Владата веднаш да испрати тимови и се што е потребно да биде ставено на располагање на општината бидејќи ресурсите со кои што општините располагаат се навистина минимални или незначителни“, истакна денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски додаде дека од пожарот штетата што може да се направи ако Владата не реагира навреме да биде огромна и девастирачка.

„Затоа еве ја користам оваа прилика од овде од Свети Николе да предупредам, а воедно и да апелирам до власта што е можно побрзо да реагира, да заборави на коктелите и на трошењето на народни пари на периферни манифестации, да заборави на луксузирањето и на тендерите барем малку во четири очи пошто еве сведоци сме дека изминативе денови имаме еден таков мултимилионски тендер даден во четири очи за битумен на едно јавно претпријатие. Владата треба да се посвети на тоа што навистина им значи на граѓаните, а тоа е да се спречат пожарите кои што веќе почнуваат да се појавуваат во Македонија, а имајќи во предвид временските прилики може и да земе поширок опфат“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Лишено од слобода лице во Скопје, пронајдена марихуана

АМСМ: Сообраќајот за товарни моторни возила кон ГП Блаце е нормализиран

Следната седмица, и во декември се двата последни неработни денови за сите граѓани во Македонија