Утрински Весник
Свет

Рекордна стапка на смртност од Ковид-19 во Нов Зеланд

Нов Зеланд бележи рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, а новиот бран на инфeкции со омикрон сојот се покажа особено катастрофален за постарата популација, објави Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на Министерството за здравство, за седум дена до 16 јули, од Ковид-19 починале 151 лице, додека во најлошата недела од претходниот бран во март годинава, починале 115 лица. Во последните 24 часа починале уште 26 лица, сите на возраст над 60 години.

Во новиот бран на инфекции во Нов Зеланд, земја со 5,1 милиони жители, преовладува омикронската подваријанта БA.5.

Брзата реакција на владата на пандемијата, со многу строги ограничувања и висока стапка на вакцинација, се сметаше за добар пример за борба против Ковид-19, но од крајот на минатата година инфекцијата се шири со несмалено темпо.

Под притисок се клиниките за општа пракса, итните служби и болниците, иако бројот на хоспитализирани е нешто помал од март.

Засега Владата не воведува ограничувања за движење и задолжителни маски во училиштата, а Министерството за образование ги советува училиштата да ги вратат маските бидејќи децата се враќаат на училиште следната недела по распустот.

Можете да прочитате

Голем 24часовен штрајк во Германија

Маск донирал 10 милиони долари за републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот

Десетици илјади Чеси излегоа на демонстрации за поддршка на претседателот Петр Павел