Утрински Весник
Македонија

Едно лице приведено во акција на полицијата, забележани неправилности во угостителски објект во Прилеп

Вчера од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп биле спроведени контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп.

dobivaj vesti na viber

За време на контролите во угостителски и хотелски објекти, реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи е утврдено точење на алкохол на малолетни лица, непоседување на документација за работа на еден угостителски објект, во кој се затекнати четири лица како извршуваат работни задачи, а за кои не постои документација дека се вработени. Констатираните неправилности ќе бидат соодветно санкционирани, најави полицијата.

При контролите, по преземени дополнителни мерки, од слобода е лишен Н.Д.(36) од Скопје, кој се сомничи за повеќе извршени кривични дела.

За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка, по чие документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце